Од 19 до 21 мај се одржува 29 Медитеранското првенство за кадети, јуниори и сениори во карате во Тунис.
Македонските каратисти се предводени од Бесник Мурати – шеф на делегација, Александар Кузмановски – селектор за сениори и Берат Јакупи – селектор за јуниори.
На ова првенство освоени се вкупно три медали, од кои два сребрени и еден бронзен.Во јуниорска конкуренција со сребро се закити Бесарт Мемети (јуниори -55 кг.) кој во финалето загуби од Тунижанецот Ихеб Ферчичи, а втор во категоријата +76 кг. беше Андреј Басаров кој претрпе пораз во финалната борба од домашниот натпреварувач Јусеф Јериди.
Кај јуниорите со медал од Тунис се враќа и Или Биљали во категоријата -68кг. кој во малото финале за бронзата триумфираше со 3:1 против Стефан Милуновиќ од Србија.