вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Продолжува собраниската дебата за пакетот закони за коридорите

Продолжува собраниската дебата за пакетот закони за коридорите

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја продолжи 115. седница, на чиј дневен ред меѓу другите точки се пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10 д.

На дневен ред се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за работни односи, на Законот за експропријација и на Законот за градење, сите по скратена постапка.

На денешната седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување и на Законот за фитофармација, Законот за основање на државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, сите по скратена постапка.

Меѓу другите точки на оваа седница се и законите за изменување и дополнување на Законот за облигационите односи и на Законот за извршување, Предлог законот за академија за судии и јавни обвинители и Информацијата за состојбата во Судскиот Совет па Република Северна Македонија.

Најнови вести