вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ласовска: Договорот за коридорите е лукративен, кој е потпишан од една врхушка, без никаква транспарентност

Ласовска: Договорот за коридорите е лукративен, кој е потпишан од една врхушка, без никаква транспарентност

Се работи за крајно лукративен договор кој една врхушка го има заклучено и потпишано, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на денешната собраниска расправа за предложените законски измени со европско знаменце.

„Цела опозиција, јавност, стручна фела, медиуми, европска комисија и велат на оваа Влада во заминување да не го прави ова или ако веќе нешто планирала да прави да прави согласно правила и прописи и европски регулативи, но ова си тече во Собранието“, рече Ласовска.

Таа додаде дека транспарентност не виделе од страна на власта за договорот.

„Како потпишавте договор кога имаме законодавна, извршна и судска власт? Законодавната власт ги бираме министрите, тогаш како може министер да преземе обврска дека ќе смени закон во Собрание, без да му го објасни договорот на пратеникот“, истакна Ласовска.

Ласовска посочи дека самото потпишување на празна коресподентна табела значи лажирање на податоци односно лажење на нас пратениците и прикажување на непостоечки факти.

„Празна коресподентна табела треба да биде вратена во истиот момент кога ќе биде примена од претседателот на Собранието, но бидејќи тоа не се случува тоа е флагрантно кршење на правото и флагрантна злоупотреба на службената должност и споделена одговорност на сите оние кои овие законски решенија ќе ги гласаат“ , кажа Ласовска.

Најнови вести