понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мнангагва се сретна со лидерот на опозицијата на Зимбабве

Мнангагва се сретна со лидерот на опозицијата на Зимбабве

Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва изјави денеска дека разговарал со лидерот на опозицијата Нелсон Чамиса во обид да се намалат тензиите до кои дојде по претседателските избори и судирот на војската и безбедносните сили со приврзаниците на опозицијата на улиците на Хараре.

Тој преку Твитер побара независна истрага за уличните насилства во кои загинаа три лица.
Претседателските избори се одржаа во неделата, на кои победи Мнангагва, а опозициските партии организираа протести незадоволни од резултатите.

Во судирите се убиени три лица, а учесниците на протестот беа растерани од страна на припадници на безбедносните сили со оклопни возила и воени хеликоптери.

МИА