Уапсен е мажот кој ја отвори вратата на јужнокорејската компанија „Азијана ерлајнс“ на лет со 194 патници, објави Јонхап.
Се работи за 33-годишен маж, кој е осомничен дека ја повлекол рачката на вратата за излез во случај на непосредна опасност.
По полетувањето од аеродромот Џеџу, Јужна Кореја, авионот бил на пат за Даегу, град на 237 километри југоисточно од Сеул, кога вратите се отвориле околу 12:45 часот по локално време, соопштија официјални лица на аеродромот каде што слетал авионот со отворена врата.