четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Се работи на идентификација на лицата кои ширеа говор на омраза на прославата во Крушево

МВР: Се работи на идентификација на лицата кои ширеа говор на омраза на прославата во Крушево

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во содејство со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево.

Најнови вести