Во изјава за Курир, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски го коментира писмото на родителите на децата кои ја посетуваат детската градинка Детска радост во Автокоманда.
-Писмото го прочитав во медиумите. Јас кажав и на вчерашната прес конференција дека сум загрижен за одлуката на министерката Јованка Тренчевска да ја врати разрешената директорка на чело на градинката. Ја разбирам загриженоста кај родителите бидејќи и моето дете ја посетува таа детска градинка. Што се однесува за најавите на родителите во писмото и како родител, но и како градоначалник на општина Гази Баба ќе дадам поддршка на секоја одлука која ќе ја донесат родителите на вечерашниот состанок, изјави Стефковски.