сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Американец постави нов светски рекорд во фрлање ѓуле

Американец постави нов светски рекорд во фрлање ѓуле

Американскиот атлетичар, Рајан Краузер  го собори рекордот на гран при митингот во Лос Анџелес во фрлање ѓуле.

Краузер успеа да фрли 23.56 метри и така го поправи рекордот од 23.27 кој го постави исто така тој.

Двократниот олимписки шампион овој резултат го оствари пред две години во американските квалификации на Олимписките игри во Токио.

На митингот во Лос Анџелес Краузер двапати фрлаше над 23 метри остварувајќи резултати од 23.23 и 23.31.