На 28.05.2023 во периодот од 14 до 19 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 149 возачи.
Од нив, 88 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 40 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.