четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

И Општина Ѓорче Петров со поддршка за ФК Вардар: Младинските категории ќе го користат игралиштето во Волково

И Општина Ѓорче Петров со поддршка за ФК Вардар: Младинските категории ќе го користат игралиштето во Волково

ФК Вардар е најголемиот фудбалски и спортски бренд во Република Македонија и тој мора повторно да блесне во истиот сјај и да се издигне на пиедесталот, напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски,

Истакна дека на денешната средба со со претставниците од навивачката група Комити договориле фудбалскиот клуб Вардар да го користи фудбалското игралиште во Волково, каде што ќе тренираат младинските категории и сите оние кои што ќе имаат потреба од теренот.

-По убавата вест за влегувањето на клубот во првата македонска фудбалска лига, оваа помош од Општина Ѓорче Петров ќе придонесе во решавањето на проблемите на ФК Вардар на долг рок. Наш императив е поддршка и развој на спортот, а ситуацијата на ФК Вардар е вистинска можност да покажеме човечка и спортска емпатија. Токму поради тоа се одлучивме на овој чекор. Вардар е Македонија, Македонија е Вардар, објави Стојкоски.