Светскиот шампион во бокс, во тешка категорија Украинецот Александар Усик ќе се врати во рингот на 12 август, а противник ќе му биде носителот на редовниот појас на ВБА, Британецот Даниел Дубоа. Борбата ќе се одржи во полскиот град Вроцлав.
Александер Усик ќе ги брани титулите во верзиите на ВБА Супер, ИБФ, ИБО, ВБО и Ринг против редовниот носител на ВБА, Даниел Дубоа (19:1).
Како задолжителен предизвикувач, според верзијата на ВБА, Дубоа доби можност да се бори со големиот шампион. На крајот, договорот беше брзо постигнат, а мечот е закажан за 12 август.