среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетките со две интернационалки на ЕП 2023 во Романија (ФОТО)

Кадетките со две интернационалки на ЕП 2023 во Романија (ФОТО)

Веднаш по назначувањето на новите селектори, објавен е и првиот список за младинските женски селекции.

Јулијана Дамчевска објави поширок список на ракометарки на кои ќе смета за претстојното Европско првенство кое во 2023 година ќе се игра во Романија.

Меѓу повиканите има две интернационалки, тоа се пивотот Александра Коловска од словачки Михаловце, а втората е Ива Младеновска која направи трансфер во француски Брест Бретањ за следната сезона. Останатите имиња доаѓаат од домашниот шампионат.