петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските одбојкарки загубија од Летонија

Македонските одбојкарки загубија од Летонија

Македонската женската одбојкарска репрезентација попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Летонија со 3:0, по сетови 25:23, 25:18 и 25:18.

За македонските одбојкарки ова е втор пораз во европската Сребрена лига. Претходно, во 1. коло избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ загубија од Австрија исто така со 3:0.

Следниот меч Македонките ќе го играат со Естонија, в сабота од 17:30 повторно во „Борис Трајковски“ во Скопје.