среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Фејт Кипјегон постави нов светски рекорд во трката на 1.500 метри

Фејт Кипјегон постави нов светски рекорд во трката на 1.500 метри

Фејт Кипјегон на митингот од Дијамантската лига во Фиренца постави нов светски рекорд во трката на 1.500 метри.

Кениската атлетичарка, двократната олимписка шампионка ја заврши трката за 3:49,11 минути.

Претходниот рекорд беше поставен во јули 2015 година кој беше во сопственост на Гензебе Дибаба од Етиопија (3:50,07).

Второто место на траката го освои Британката Лора Муир, која целта ја poмина за 3:57,09 минути. На победничкиот подиум како третопласиран се искачи и Австралијката Џесика Хaл (3:57,29 минути, нов рекорд на Океанија).