петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Кристиансанд и Ференцварош ќе се борат за трофејот во женската ракометна ЛШ

Кристиансанд и Ференцварош ќе се борат за трофејот во женската ракометна ЛШ

Женските ракометни тимови на Вајперс Кристијансад и Ференцварош изборија пласман во големото финале во Лигата на шампионите.

Норвешкиот и унгарскиот преставник славеа во полуфиналните пресметки во Будимпешта, па утре ќе имаат можност во директен дуел да го одлучат шампионот.

Кристијансад ќе се обиде да остане на тронот, да врзе хет-трик, додека пак Ференцварош ќе сака да ја одбрани домашната гордост, поточно унгарски тим на слави на негов тло.

Што се однесува до денешните предизвици, Кристијансад во ефикасен дуел славеше над Ѓер со 37-35, додека пак Ференцварош со погодокот на Болк во последниот секунди го доби Есбјерг со 30-29.