Во третиот натпревар од финалната серија во руската женска ракометна лига составот на ЦСКА Москва славеше со 35:29 против Ростов Дон.
Во победата придонесе македонската репрезентативка Сара Ристовска која четирипати се запиша во листата на стрелците.
Од нејзините колешки најефикасна беше Елена Михајличенко со седум погодоци, а на спротивната страна по шест голови имаа Кристина Кожокар и Екатерина Зеленкова.
Нашето десно крило Ристовска беше прогласена за најкорисен играч (МВП) на последниот финален натпревар.