понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Виве Кјелце пред Ф4 во Келн во проблеми, им се повредија тројца клучни играчи

Виве Кјелце пред Ф4 во Келн во проблеми, им се повредија тројца клучни играчи

Полскиот ракометен шампион Келце кој во четвртфиналето од Лигата на шампионите го елиминираше Веспрем и избори настап на Ф4 турнирот во Келн, се соочува со проблеми поради повреда на тројца важни играчи.

Полскиот шампион пред неколку дена играше финале во Купот на Полска и повторно не успеа да го освои Куп трофејот, откако загуби од најголемиот ривал Висла Плоцк со пет гола разлика, 30:25.

Од Келце излегоа со информација дека нивните три клучни играчи, средните бекови Игор Карачиќ и Михал Олејничак, како и кружниот напаѓач Артем Каралек мака мачат со повредите и се борат со времето за да се вратат на терените пред одржувањето на Ф4 турнирот во Келн.