петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Градоначалникот Стефковски ги додели субвенциите за велосипеди и тротинети

Градоначалникот Стефковски ги додели субвенциите за велосипеди и тротинети

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна на која напиша:

ДОДЕЛЕНИ РЕШЕНИЈА ЗА СУБВЕНЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ ЗА НАБАВКА НА ВЕЛОСИПЕДИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ.

Денес ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.
Овие две мерки заедно со мерките за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците и за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата се нови мерки кои се реализираат во општина Гази Баба од минатата година.

Сите овие мерки но и многу други ги реализираме во насока на заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух и доаѓаат како реализација на мојата изборна програма со која побарав доверба од граѓаните.

Општина Гази Баба реализира голем број на мерки и проекти преку кои се враќаат финансиски средства од буџетот на општината директно кај граѓаните.

Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите на мојот мандат.

#ВетувањатаСеРеализираат – напиша Стефковски

Најнови вести