вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби“

„Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби“

Ковачевски не знае кај тера, свика состанок за предлозите кои на лидерска ги одби.

Претседателот Христијан Мицкоски даде предлог за преодна влада без ДУИ, и уставни измени со одложено дејство, откако Македонија ќе стане членка на ЕУ. Ковачевски тој предлог го одби, а сега свикува состанок.

Откако Ковачевски го одби тој предлог, претседателот Мицкоски даде втор предлог, избори, формирање на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ, поддршка за националните прашања од опозицијата, барање на гаранција од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, и барање од Бугарија да имплементира 3 пресуди од ЕСЧП. Ковачевски и ова го одби.

Откако Ковачевски виде дека заглави во слепа улица, тој се сврте кон свикување на состаноци.

Предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се единствен излез за Македонија, тие значат и интеграција на државата во ЕУ и зачуван идентитет.

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

Најнови вести