среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Русија следната година би можела да произведува дронови

Русија следната година би можела да произведува дронови

Русија добива материјали од Иран за изградба на фабрика за дронови на нејзина територија што „би можела целосно да функционира на почетокот на следната година“. Тоа денеска го изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Белата куќа објави сателитска снимка од потенцијалната локација на планот. Локацијата е во специјалната економска зона Алабуга, на околу 900 километри источно од Москва.  (МИА)