четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Соборени два светски рекорди на митингот во Париз од Дијамантската лига

Соборени два светски рекорди на митингот во Париз од Дијамантската лига

На атлетскиот митинг во Париз во рамки на Дијамантската лига синоќа беа срушени два светски рекорди. Ламеча Гирма и Феит Кипјегон испишаа нова атлетска историја.

Гирма триумфираше на трката на 3.000 метри со пречки и постави нов светски рекорд со време од 7 минути, 52 секунди и 11 стотинки. Атлетичарот од Етиопија го подобри времето на Саиф Саед Шахин од Катар, кој го држеше светскиот рекорд уште од 2004 година.

Само една недела откако го срушу светскиот рекорд на 1.500 метри, Феит Кипјегон повторно постави најдобро време и тоа во дисциплината на 5.000 метри. Кенијката делницата ја истрча со време од 14 минути, пет секунди и 20 стотинки, со што го подобри времето на Летесенбет Гидеј од Етипија, која денеска финишираше на второто место.

Најдобро светско време денеска постави и Јабок Ингебритсен и тоа во дисциплината на 2 милји. Светската атлетика не ја признава оваа дисциплина како светски рекорд, па затоа важи само како „најдобро светско постигнување“. Норвежанецот оваа делница ја истрча со време од 7 минути, 54 секунди и 10 стотинки и го подобри постигнувањето на Даниел Комен од 1997 година за повеќе од четири секунди.