недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ивановски и Бугариќ донесоа стартна победа за Македонија на Дејвис Купот

Ивановски и Бугариќ донесоа стартна победа за Македонија на Дејвис Купот

Македонија со пресврт стигна до триумф над Малта на отварањето на турнирот во Ларнака.

Во првиот натпревар, Обрад Марковски беше поразен од Алекс Дегабриел, за потоа Калин Ивановски да изедначи на 1-1 со победа над Лиан Деликата.

Одлучувачки беше дуелот во двојки, а во него, Калин Ивановски и Берг Бугариќ со 2-0 во сетови (6-4 и 6-4) ги совладаа Алекс Дегабриел и Лиан Деликата.

Следниот противник на Македонија ќе биде познат по завршување на средбата меѓу Кипар и Молдавија.