недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 161 возач во Скопје, 24 возеле брзо

Казни за 161 возач во Скопје, 24 возеле брзо

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за некористење сигурносен појас, шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.