понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хаос и паника во Венецуела: Обид за атентат со дрон врз претседателот Мадуро (ВИДЕО)

Хаос и паника во Венецуела: Обид за атентат со дрон врз претседателот Мадуро (ВИДЕО)

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро преживеа атентат со дрон среде парадата по повод Денот на Националната гарда.

-Дронови наполнети со експлозив се активираа во близина на местото од кое Мадуро држеше говор по повод денот на Националната гарда на Венецуела. Тој и неговата придружба не се повредени, потврди министерот за информации Хорхе Родригез.

-Имаме доказ дека тоа беше обид за убиство. Претседателот Мадуро излезе неповреден и продолжува со работата, потврди Родригез.

На снимките се гледа како Мадуро го прекинува говорот. Тој во еден момент погледнува во небото, а десетина војници трчаат кон плоштадот. Во тој момент се слушаат пискотници. Во нападот се повредени седуммина припадници на Националната гарда.

Мадуро подоцна изјави дека зад нападот стои претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос. Тој додаде и дека му помагале лица кои живеат во САД и го помагаат Сантос.

За владата на Венецуела, атентатот бил извршен од опозицијата. Од Колумбија упатија демант на тврдењата на Мадуро и отфрлија каква било вмешаност .