недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Идеалната Македонија која Ковачевски ја гледа, поразлична од реалната што ја чувствуваат граѓаните

Идеалната Македонија која Ковачевски ја гледа, поразлична од реалната што ја чувствуваат граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски во секое од своите обраќања јасно потенцира дека се залага за граѓаните во Македонија да имаат подобар стандард, високи плати како никогаш досега.

„И оваа година фокусот на Владата е да обезбеди услови за раст на инвестициите. Наша цел е домашните и странските инвестиции да бидат двигатели на растот, да се зголемува извозот, да се намалува невработеноста, паралелно да растат платите и да се подобрува животниот стандард“, порача премиерот на 16.01.2023

„Со системски решенија се гради вистинско партнерство меѓу синдикатите, работодавците и Владата кои што сите претставници сакам да ги поздравам и дека тоа е начинот за зголемување и на платите и на стандардот на граѓаните”, изјави премиерот Ковачевски на 13.03.2023.

И покрај секојдневните изјави на премиерот дека се залага за подобар животен стандард и повисоки плати, сепак сме сведоци на протести на вработени поради се очигледното незадоволство.

Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) на 24.04.2023 стапи во Генерален штрајк, поради не добивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови.

Но, сепак ДИЦ својот штрајк го стави во мирување на 12.05.2023 поради тестирањата за државна матура.

Судската администрација на 22.05.2023 најави „бел штрајк“, односно пасивно работење доколку не им бидат вратени додатоците на плата уште за месец мај.

Претставници на независниот синдикат на судската служба се сретнале и со претседателот на Судскиот Совет кому му ги пренеле барањата да се најде начин повторно да ги добиваат додатоците на плата до 35 проценти.

Триесет проценти повисоки плати или генерален штрајк и блокада на даночниот систем и исплатата на плати. Ова е условот на синдикатот на вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) кој го достави до министерството за финансии. Процедурата за генерален штрајк е почната, а ќе се оди на процес на медијација.

Од денеска сите вработени во УЈП почнаа со двочасовен протест од 10 до 12 часот што ги затекна граѓаните кои останаа пред вратите на УЈП. Протестот ќе продолжи секој работен ден до исполнување на барањата, а доколку процесот на медијација пропадне генерален штрајк може да има за 15-тина дена.

Исто така предупредувачки протест на вработени во Царинска управа, најавија на 14.06.2023 од Синдикатот на УПОЗ. Протестот ќе се одржи во петок од 12 до 12.30 часот.

„Вработените во Царинска управа веќе со години наназад, иако имаат право согласно закон и колективен договор за исплата на триесет проценти на плата, тој додаток никако не го добиваат“, појасни претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на прес-конференција одржана на 14.06.2023.

Вработените во „Еуроникел“, поранешна „Фени“, и тие започнаа да протестираат како пред шест години кога беше прогласен стечај, па потоа фабриката ја презеде швајцарскиот фонд ГСОЛ преку македонскиот претставник „Еуроникел индустри“. Вработените бараат поголеми плати, исплата на заостанатата рата од К-15 за 2022 година, и покачување на К-15 за оваа година и негова еднократна исплата.

Вработените пред еден месец алармираа за состојбите во фабриката. Укажаа дека стравуваат дека ќе биде затворена бидејќи не се носат руда и репроматеријали, нема производство и се шират муабети за нов стечај по што следуваа состаноци со дел од управата, на кои беа пренесени истите барања како и од денешниот протест.

Овие протести станаа секојдневна слика во Македонија, а власта секој ден смирува и вели дека се ќе биде во ред. Оваа слика сепак е далеку од идеалната која што ја говори премиерот во своите обраќања.

Најнови вести