четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков во интервју за КУРИР : Предлозите на Мицкоски обезбедуваат заштита на вековниот идентитет, како и одблокирање на преговарачкиот процес

Лефков во интервју за КУРИР : Предлозите на Мицкоски обезбедуваат заштита на вековниот идентитет, како и одблокирање на преговарачкиот процес

„Факт со кој е запозната целата јавност е дека оние кои се пазареле со Уставот го немаат потребното мнозинство за уставни измени, односно немаат политички капацитет за такви измени, како следбеник се излекува уште еден непобитен факт, а тоа е дека  уставните измени уште кога биле ставени на маса некој од крими-коалицијата СДС-ДУИ договарал да се донесат противправно и неуставно“!

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со него разговаравме за актуелните случувања на македонската политичка сцена – уставните измени, лидерската средба, случувањата во Собрание како и за итната потреба за излез од кризата во која Македонија со години се наоѓа.

КУРИР: Најактуелна тема се уставните измени кои власта се обидува да ги протурка во Собрание. Кој е вашиот личен став за обидот на СДСМ да ги протурка истите?

Лефков: Станува сериозна и загрижувачка долгогодишна пракса наметната од СДС и ДУИ, најважните државни одлуки да се донесуваат во тесен круг на луѓе, и тоа за жал,  водени исклучиво од лични бизнис интереси.

Вака донесените “одлуки“ подоцна, противзаконски и противуставно,  преку најразлични дезинформации, полувистини, отворени или прикриени закани, фаталистички,  се претставуваат како единствена алтернатива, единствена насока по која треба да се движи државата.

Еве во кратки црти тоа е она што се случува и со т.н. “уставни измени“ договарани далеку од јавноста, без консенсус, без опозицијата, во тесен круг на луѓе.

Факт со кој е запозната целата јавност е дека оние кои се пазареле со Уставот го немаат потребното мнозинство за уставни измени, односно немаат политички капацитет за такви измени, како следбеник се излекува уште еден непобитен факт а тоа е дека  уставните измени уште кога биле ставени на маса некој од крими-коалицијата СДС-ДУИ договарал да се донесат противправно и неуставно!

Мојот личен став е дека пазарењата на крими-коалицијата со правниот поредок и со Уставот претставуваат грубо рушење на основните демократски принципи. Со  неправо не можете да создадете право, а уште помалку да обезбедите напредок, уставните измени“, вака како што се договорени  ја водат Македонија во замка!

КУРИР: Се случи лидерска средба, на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, излезе со цврсти ставови. Дали ги поддржувате истите?

Лефков: Секојдневно остваруваме средби со граѓаните, и верувајте нашите граѓани се добро информирани за ова прашање, и никој, апсолутно никој не дава поддршка за продолжување на процесот на “уставни измени“ по теркот на ДУИ-СДС, без гаранции.

Најверојатно јавноста веќе е добро информирана, но Вашето прашање ќе  искористам како можност уште еднаш да ги повторам двата предлога, едниот предлог е за уставни измени кои ќе стапат на сила со членството на Македонија во ЕУ и преодна влада без ДУИ, и вториот, предлог за брзи избори, а потоа поддршка од партијата која ќе биде опозиција на влада за барање гаранции и пакети финансиска помош од ЕУ, како и спроведување на барем 3 пресуди на ЕСЧП за правата на Македониците во Бугарија.

Предлозите  на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, дадени на лидерската средба овозможуваат две важни придобивки:

– Доколку бидат одбиени, обезбедуваат  целосно разобличување на  сите скриени намери на врвот на СДС и ДУИ, ставаат крај на лагите на власта и ќе преставуваат јавно признание за тендер интересите на крими-коалицијата, како и јавно признание на кираџијата Ковачевски кој е “газда“ во Владата!

-Доколку бидат прифатени, обезбедуваат заштита на вековниот идентитет, како и одблокирање на преговарачкиот процес,

Од сето ова произлегува мојата целосна поддршка и поддршката од народот.

КУРИР: Каква е атмосферата во Собрание на оваа тема? СДСМ долг период ја убедува јавноста дека ќе издејствува да има двотретинско мнозинство, но реалноста говори дека се далеку од потребната бројка.

Лефков: Во изминатиов период, сите бевме сведоци на лажни вести, продуцирани од највисоки владини преставници, за тоа дека се обезбедени “толку и толку“ пратеници, па дека недостасувале уште двајца или тројца.

Се сеќавате дека Таче, Груби, Маричич и  други  Владини “јасновидци“ секојдневно  најавуваа  “нови“, “зголемени“ и “појачани“ мнозинства, па дури и влегоа во “Пазар 3“  реконструкции, се пазареа за министри, функционери, директори и тоа безсрамно на очиглед на целата јавност.

Еве сега гледаме дека истите тие прават се, само за да го држат процесот што подалеку од онаму каде што треба да се случува а тоа е во Собрание!

Ако денеска го поставите прашањето “Колку пратеници недостасуваат за уставни измени?“ и ако се обидете да го одговорите објективно, без шпекулации,  одговорот несомнено  е дека недостасуваат 120 пратеници.

Или како народната “Што фали во празна куќа? –Се фали“.

Да сумирам, со еден непобитен ФАКТ, Ковачевски во својата, цела историја не обезбедил ниту еден единствен глас на избори за себе. Како неизбран ниту знае ниту пак може да биде дел од легитимен демократски процес.

Ковачевски е свесен дека е неизбран, едноставно натурен и нелигитимен, и како таков  не може да испорача она што некаде го ветувал. Единствено што им останува  е да трошат пари за ПР и да се закануваат на пратеници, дел од заканите се нескриени, скоро јавни, некаде суптилно, некогаш нескриено, јавно  најавуваат “поединечни разговори“ со пратеници по мафијашки терк, најмуваат скапо платени провокатори ама залудно.

“Неизбраниот“ како и СДС под негово “водство“  можат да си обезбедат само “палта без ракави“(рамо до рамо) и платена реклама на ФБ, далеку се од било какво обезбедување мнозинство!

КУРИР: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ недвосмислено истакнуваат дека во овој парламентарен состав нема да бидат изгласани уставни измени со цел вметнување на Бугарите во Уставот. Дали зад овој став стоите во целина како пратеничка група од целата коалиција?

Лефков: Пратениците на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата се водат исклучиво од народната волја и од македонските национални интереси!

Безусловното менување на Уставот под бугарски диктат, како што е договорено од троецот Османи-Маричич-Ковачевски претставува замка за Македонија и ќорсокак за ЕУ интеграциите на Македонија, вака договорениот процес, води кон капитулација и бесконечно преговарање.

Народната волја, широката народна поддршка, поддршката од претседателот на ВМРО ДПМНЕ, како и подршката од коалиционите партнери, претставува нераскинлив амалгам за единството на целата пратениќка група.

Нема отстапување од ставовите.

КУРИР: Надворешната политика е само една тема, но проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани се многубројни. Мислите ли дека се потребни предвремени парламентарни избори за да излеземе од општата негативна ситуација во која живееме?

Лефков: ДУИ и СДС ја осиромашија, ја презадолжија и ја претворија државата во најкриминална и најкорумпирана во Европа. Наместо силни институции крими-коалицијата гради култови за силни поединци од својата партиската елита.

Метастази во судството, запоседнување на судски, јавно обвинителски позиции,  тајни мулти-милионски договори, пасоши на криминалци, злоупотреби на ЕУ знаменце, руинирано образование и клекнато на колена здравство.

Одговорноста е мисловна именка за функционерите на ДУИ, “крив е кабелот“, неправда дополнета со национални понижувања на секој чекор.

На Македонија и е потребно единство и прочистување од корупцијата и криминалот, не може да зборуваме за силни институции, за владеење на правото, за правна држава, за економија, кога државата буквално ни е киднапирана и е  водена од луѓе без легитимитет.

Суверенитетот произлегува од народот, затоа се потребни избори час поскоро, гледаме дека за ден повеќе на власт, неизбраниот кираџија е подготвен на се, ама тоа само ќе го направи подот уште посилен!

Знаете како велат Виновниот и од сенката се плаши!-Епа да им порачам дека и нашите сенки ќе се борат со непријателите на  Македонија!

Најнови вести