четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Киев издадено предупредување за воздушен напад

Во Киев издадено предупредување за воздушен напад

Во украинската престолнина Киев и во регионот на Киев денеска е издадено предупредување за воздушен напад, откако воздухопловните сили на таа земја соопштија дека од Црното Море се лансирани неколку руски ракети „Калибр“ во правец на Киев.

Предупредувањето за воздушен напад e издадено на денот кога делегацијата на африканските земји предводена од јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса пристигнала во Киев како дел од мировната мисија.

Рамафоса, заедно со лидерите на Сенегал, Замбија, Коморските Острови и Египет, денеска треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а утре треба да отпатува за Санкт Петербург, Русија, на разговори со рускиот претседател Владимир Путин. (МИА)