недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Ковачевски кон народот се разоткриени, уставни измени под бугарски диктат нема да има, затоа и бега од тв дуел со Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Ковачевски кон народот се разоткриени, уставни измени под бугарски диктат нема да има, затоа и бега од тв дуел со Мицкоски

Од ден на ден се повеќе паѓаат во вода манипулациите на Ковачевски, со кои залудно проба да го излаже народот, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ јасно стои на своите конзистентни ставови дека уставни измени под бугарски диктат нема да има. Ковачевски кој е домазет во сопствената влада, се уште се нема изјаснето за двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ, иако од неговите средби со врвот на СДС помина една недела. Очигледно е дека за предлозите не се одлучува на Бихаќка, туку кај вистинскиот властодржец, а тоа е Али Ахмети. Ковачевски исто така и бега од тв дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од кој се плаши, бидејќи нема што да каже пред македонската јавност и нема како да оправда уште едно предавство кон народот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да да поддржи такво нешто и секогаш ќе ги брани ставовите и мислењата на народот, кои се кристално јасни, а кои на Ковачевски очигледно само не му се јасни, додаваат од опозициската партија.

Најнови вести