петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Природната убавина ја краси и кога има 66 години: Сузана Манчиќ позира без трошка шминка, еве како изгледа

Природната убавина ја краси и кога има 66 години: Сузана Манчиќ позира без трошка шминка, еве како изгледа

Сузана Манчиќ важеше за една од најубавите млади дами на поранешна Југославија. Денес убавината не ја напуштила, а познатата Лото девојка е една од ретките кои не се срамат да покажат како изгледа нејзиното лице без трошка шминка.

Јавноста е навикната јавните личности на малите екрани да имаат многу сценска шминка и едвај ги препознаваат во нивната природна форма, но Манчиќ сега ги изненади своите следбеници со храброст и самодоверба, кои никогаш не и недостигале. Таа објави фотографија без грам шминка или филтри ифотошоп.

Сузана не крие дека вложува многу време и пари во своето лице и тело, како и дека се грижи за одржување на својот физички изглед.

– Мајка ми во раното детство ме научи да се грижам за себе, воведе лесни креми, па не се сеќавам кога го измив лицето со сапун. Одам на козметичар еднаш месечно и поради работата секогаш сакав да бидам уредна, па никогаш не легнував без да ја вадам шминката. Секогаш кога имав можност, инвестирав во грижата и тоа се покажува во овие години. Денес, кога секоја естетска корекција е достапна за жените, треба да се има мерка, која се обидувам да ја најдам. Затоа што моето лице е мој заштитен знак и сакам убаво да остарам,  рекла еднаш Сузана Манчиќ.

Најнови вести