Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки преку социјалните мрежи и се обрати на министерката за одбрана Славјанка Петровска и и посочи дека таа повторно се заканува со судско рочиште.
-Ај оладете малку и платете си ја неплатената сметка за струја во хациендата од 10.000 евра на име на Вашиот татко. Или не сте ја виделе? Ќе ја видите на рочиштето со кое се фалите.
Престанете да дефокусирате од Вашата некадарност. Кажете во која НАТО држава војници чуваат затвореници, како што тоа Вие сте го одобриле пред некој ден?
Срам сте за државата на која и’ го сменивте името и сте дел од од најкриминалната Влада што Македонија ја имала. Имате психајтриски наод со кој барате оштета од пратеник на народот и покрај тоа продолжувате да вршите министерска должност.
* Нема да дојдам утре на рочиште поради обврски кои ми се наложени, но ќе бидам соодветно претставен пред Судот, вели Ковачки.