среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачевски повторно со закана до телевизиите

Ковачевски повторно со закана до телевизиите

Медиумите, пред се телевизиите како трн во око за премиерот Димитар Ковачевски. Како да му стана навика на Ковачевски постојано да упатува директни или индиректни закани до нив. По неодамнешните караници со новинари, сега упати закана за ветинг до телевизиите, односно како што рече дека се залага за ветинг за сите кои користат феквенции.

Одговарајќи на новинарски прашања за ветинг и најави за проверка на имот на одредени институции, Ковачевски посочи дека треба да подлежат на ветинг сите и баш од сите можни во првите ги спомена корисниците на фреквенции, иако можеше да одбере било што друго да каже.

-Јас сум човек кој исто така и мојата политичка партија, меѓутоа и целата коалиција сме за спроведување за процес на ветинг кој ќе ги опфати сите општествени функции и именувани функционери. Треба да се дефинира и дали други делови на општеството треба бидат опфатени, бидејќи не управуваат со општествени ресурси само избрани и именувани политичари, туку и луѓе кои користат концесии, фреквенции, рече Ковачевски, рече Ковачевски.

Очигледно е дека Ковачевски сака да има контрола врз медиумите, односно да не постои критичка мисла во земјава, па оваа закана за ветинг доаѓа само една недела откако се искара со новинар од една телевизија кој го запраша зошто не одговара на предлозите на опозицијата.

Се поставува прашање дали Ковачевски му смета спротивно мислење и можеби според него треба медиумите да го објавуваат тоа што тој ќе посака, да претстават розова слика за државата, а тоа што не чини да не смее да се објави, па вака со директни или индиректни пораки и закани, сака да им стави до знаење на телевизиите што ги очекува?

И ова не е прв пат Ковачевски да се заканува, ниту пак втор. Некако му прејде во навика. Но, јавноста најмногу се сеќава на оние закани кои ги даваа тој и неговиот коалиционен партнер од влада, Али Ахмети, делејќи ги телевизиите на непријателски и пријателски.

На почетокот на оваа година, Али Ахмети, лидерот на ДУИ при судирот со „огнената група“ во неговата партија, рече дека поделбите единствено им служат на како што ги нарече „непријатели на Албанците“ и тука директно ги спомена телевизиите Алфа и Телма.

И просто неверојатно, тогаш Ковачевски наместо да ги осуди ваквите изјави, тој на некој начин застана на страната на Али Ахмети, па дури и самиот тој етикетираше други медиуми.

-Сигурно господинот Ахмети таа изјава ја дал врз основа на одредени факти и за објаснување ќе треба да го прашате него бидејќи за медиумите и јас имам свое лично мислење, така што единствено можам да кажам за моето лично мислење за тоа како одредени медиуми се однесуваат. Тоа ќе го прашате господинот Ахмети. Што се однесува до мене, можам да кажам дека во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на уредувачка политика која тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација, рече Ковачевски.

Веројатно Ковачевски не сака ниту критика во државата, ниту различни мислења, веројатно не сака медиумите да ја критикуваат власта, да ги истражуваат владините афери, да ги демаскираат владините пропаганди, туку само да го објавуваат она што сака владата, па затоа и овие чести закани до медиумите.

Најнови вести