недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Стефковски: Реализирани првите проекти од работното лето во Гази Баба

Стефковски: Реализирани првите проекти од работното лето во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес беше во посета на населеното место Кирил Петрушевски каде што се реализираа првите проекти од работното лето во Гази Баба.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

Во рамките на работното лето “Гази Баба 2023” денес бев во посета на населеното место Кирил Петрушевски.
Извршивме посета на ново – изградениот спортски терен за серва и мал фудбал, како и на реконструираното детско катче и спортски терен за баскет.
Барањето за изградба на нов спортски терен беше посочено од граѓаните на една од средбите во ова населено место и истото денес е реализирано, што преставува доказ дека локалната самоуправа ги исполнува барањата на граѓаните.
Направив посета и на улицата Перо Наков која изминатиот период во прва фаза беше комплетно реконструирана, а во моментот се во тек градежни активности за изградба на тротоарите на истата.
Претходно, општина Гази Баба асфалтираше краци од локални улици во ова населеното место, а во рамки на големата акција за асфалтирање на локални улици која ќе ја реализираме во следниот период ќе се асфалтираат и останати краци од локални улици во Кирил Петрушевски.
Гази Баба добива нов лик! – напиша Стефковски.