петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Анет Контавејт одлучи да замине во пензија

Анет Контавејт одлучи да замине во пензија

Естонската тенисерка, Анет Контавејт, објави дека последен турнир во кариерата ќе ѝ биде претстојниот гренслем-турнир Вимблдон, по што ќе се пензионира.

Естонката која пред една година беше втора тенисерка на ВТА ранг-листата одлучи превреме да ја заврши кариерата поради здравствени проблеми.

Таа во минатото боледуваше од мононуклеоза, поради што тешко ги поднесе последиците од корона-вирусот, а годинава мака мачи со грбот.

„Одлучив да ја прекинам кариерата. По неколку лекарски посети и консултациите со мојот лекарски тим, утврдено е дека имам проблеми со дискот во долниот дел од грбот поради што не можам да продолжам да играм тенис. Подготвена сум за нови предизвици во животот по Вимблдон, каде што ќе се обидам да дојдам до добар резултат“, напиша, меѓу другото, Контавејт на социјалните мрежи.