недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет е последица на криминалното владеење на ДУИ-СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот совет е последица на криминалното владеење на ДУИ-СДС

Криминалната коалиција на ДУИ и СДС целосно го урниса судството во Македонија, нема веќе ни 1% доверба од страна на граѓаните. Судовите, обвинителствата и судскиот совет се целосно партизирани институции, кои работат само за бизнис интересите на партиите на власт.

Пример за тоа е ЈО, каде шеф за гонење на организиран криминал е Ислам Абази, човек кој целата јавност можеше да види, дека бил во често друштво со луѓе од врвот на ДУИ, иако пред да излезат фотографиите истите тврдеа дека не го познаваат.

Уште еден пример е и Кацарска, која како награда за нејзиното подаништво доби место во Уставен суд, потоа Јовевски и низа други извршители, кои куцаа обвиненија и штанцаа пресуди, како да се пресликани од партиските соопштенија на СДС.

Посебна приказна е судскиот совет, каде дури и нашите меѓународни партнери го оценија како нелигитимен, нешто што ВМРО-ДПМНЕ го потенцираше цело време во минатото.

Во таа насока пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа барање за ставање на точка на дневен ред во Собранието, под име – Информација за состојбите во Судскиот совет. Информацијата е доставена во собраниската архива на 3 мај и изгласана е како 35-та точка на дневниот ред на 115-та пленарна седница, која започна на 10 мај и досега од отворање на оваа точка нема абер.

Одговорност мора да има, а ако нема сега, ќе има за неколку месеци, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата Влада.

(Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

Најнови вести