сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Талент на Барселона ќе игра за Нексе

Талент на Барселона ќе игра за Нексе

Српскиот ракометар Огњен Цениќ и официјално е нов играч на Нексе од Нашице.

Младиот среден бек пристигна во Нашице од Барселона и потпиша четиригодишен договор со хрватскиот вицешампион.

17-годишниот Цениќ помина две години во Барселона, а пристигна од Партизан. Вниманието на јавноста го привлече играјќи за кадетската репрезентација на Србија каде на мечот против Унгарија постигна 16 гола.