недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонските тенисерки ја победија и Молдавија, во финалето ќе играат против Ерменија

Македонските тенисерки ја победија и Молдавија, во финалето ќе играат против Ерменија

Македонската женска тениска репрезентација со убедливи 3-0 ја совлада Молдавија и го освои првото место во својата група кое ги однесе во финале во кое ќе играат против Ерменија.

Добриот ден за Македонија го најави Магдалена Стоилковска која со 7-6 и 7-5 ја совлада Даниела Чобану за водство од 1-0.

На 2-0 зголеми Лина Ѓорческа која со 7-5 и 6-3 ја совлада Екатерина Весневскаја. Мечот во двојки беше само за престиж.

А во него Ива Данева и Александра Симева ги победија Лиа Белибова и Арина Гамреткаја со 6-3 и 7-5 за конечен триумф од 3-0 во партии.

Во утрешното финале Македонија ќе игра против Ерменија која беше прва во групата А.

foto: mkd.mk