понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Македонија триумфираше на Били Џин Кинг Купот во Скопје

Македонија триумфираше на Били Џин Кинг Купот во Скопје
Успех на женската македонската тениска репрезентација која го освои првото место на Били Џин Кинг купот во Скопје и следната сезона ќе игра во втората Евро-африканска зона.
Нашите најдобри тенисерки ја продолжија серијата на победи на турнирот во Скопје и против Ерменија против која славеа во финалниот меч со 2-1.
Мечот започна лошо за Македонија откако Стоилковска го загуби првиот меч со Мурадјан со 2-1 во сетови но работите се сменија кога на теренот излезе Лина Ѓорческа и без загубен гем ја совлада Марина Давтјан по што победникот го реши дубл дуелот во кој Ѓорческа и Стоилковска во два сета ги надигра тенисерките од Ерменија.
Да потсетиме нашата репрезентација забележа 6 победи на Били Џин Кинг купот и тоа против Молдавија, Финска, Исланд, Албанија, Азербејџан и Ерменија што им носи пласман во втората Евро-африканска зона.