Александер Бублик ја освои својата прва АТП 500 титула, откако во возбудливото финале во Хале, со 6:3/3:6/6:3 го победи Русинот Андреј Рубљов.
Ова е исто така прва титула на тревната подлога на еден од најголемите таленти во светот на тенисот, кој, за жал, честопати е непредвидлив и неамбициозен.
Ова е втора титула во кариерата на Казахстанецот, по таа во Монпелје во 2022 година, а 26-годишниот тенисер ќе скокне во топ 20 во машкиот тенис, првпат во кариерата.