Чешката тенисерка Петра Квитова победи на турнирот во Берлин откако во финалето ја совлада Дона Векиќ со 2-0 (6-2, 7-6) по сетови.
Деветтата светска тенисерка на ВТА-листата одигра добар натпревар против Векиќ која беше изненадување на турнирот.
Така, Квитова ја освои шестата титула на трева во кариерата, што е добра увертира пред Вимблдон, турнир кој досега го освои двапати.
Кога ќе се сумираат настапите на Квитова оваа сезона, ова е вкупно втора титула за Чехинката, или вкупно 31 во кариерата.