среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седници на три собраниски седници

Седници на три собраниски седници

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за прашања за изборите и именувањата.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците е разгледување на Заклучокот на Собранието по предлогот на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, поднесен од пратениците Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски, Панчо Минов, Моника Зајкова, Борислав Крмов и Маја Морачанин.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледува Предлог законот за измени на Законот за виното, по скратена постапка.

На Комисијата за прашања на изборите и именувањата продолжува расправата за избор на член на Советот за јавни обвинители.

Најнови вести