четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Владимир Врањеш потпишува за Вецлар

Владимир Врањеш потпишува за Вецлар

Поранешниот репрезентативец на БиХ, Владимир Врањеш, кој требаше да биде ново засилување во редовите на Вардар, одлучи својата кариера да ја продолжи во Бундес лигата.

Кружниот напаѓач беше посакуван во редовите на „црвено-црните“, но двете страни не постигнаа заеднички договор, така што бундеслигашот успеа во последен момент да го ангажира искусниот ракометар.

Врањеш во Вецлар ќе пристигне од ланскиот осовјувач на Лига на Европа – Бенфика. Тој со раководството на тимот од Германија се договори на двегодишна соработка.

34-годишниот ракометар потекнува од Борац Бања Лука, беше дел од Адемар Леон, потоа од ПИК Сегед и Татабања, а пред да замине во Бенфика, две сезони го носеше дресот на Мешков Брест со кој играше во Лигата на шампионите.