среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ШОЛЦ ПОГРЕШНО ПРЕВЕДЕН: Не вели дека гарантира дека нема нови услови, туку дека НЕ ТРЕБА да има нови услови од Бугарија! (ВИДЕО)

ШОЛЦ ПОГРЕШНО ПРЕВЕДЕН: Не вели дека гарантира дека нема нови услови, туку дека НЕ ТРЕБА да има нови услови од Бугарија! (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со претседателот на владата на Македонија Димитар Ковачевски во Берлин изјавил дека не треба да има нови услови од Бугарија, а не дека гарантира дека нема да има нови услови за Северна Македонија.

Со вакво соопштение излезе и СДСМ утрово тврдејќи дека Шолц дал гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија.

Сепак, доколку се анализира неговата изјава дадена на германски јазик ќе се утврди дека таа е погрешно преведена, намерно или не, останува нејасно…

„Не, тоа е јасно договорено. Треба да биде редовен пристапен процес согласно постапките на ЕУ и не треба да дојдат други кои се однесуваат на билатералните односи. Тоа е мојот став“, рече Шолц.

„Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, а тоа особено важи за Северна Македонија“, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција во Берлин пред билатералната средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Целото видео кое го објави „Дојче Веле“ можете да го погледнете ТУКА.

Според ова јасно се гледа дека медиумите и матичната партија на Ковачевски уште еднаш сакаат да извршат манипулација со јаснота.

Најнови вести