среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Укриаинското разузнавање тврди дека ФСБ добило задача да го убие Пригожин

Укриаинското разузнавање тврди дека ФСБ добило задача да го убие Пригожин

Федералната служба за безбедност на Руската Федерација (ФСБ) доби задача да го убие шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, соопшти Кирил Буданов, шеф на воената разузнавачка служба на Украина.

Пригожин замина во егзил во Белорусија во вторникот, според договорот со кој заврши бунтот на борците на Вагнер во текот на викендот.

„Евгениј Пригожин ќе се пресели во Белорусија според договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател за прекин на денешниот вооружен бунт против руското воено раководство. Шефот на Вагнер и неговите борци нема да бидат кривично гонети“, соопшти Кремљ по бунтот.