среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Откако е СДСМ на власт струјата се покачи 50%, од утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари

Митева: Откако е СДСМ на власт струјата се покачи 50%, од утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари

Со СДСМ и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50%. Не поминува година, а да нема покачување. СДСМ удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

-Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18%. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде. Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДСМ, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88% и 9.99%. Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари. СДСМ ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано. Парите од утрешното покачување ќе завршат во буџетот, но власта на СДСМ и ДУИ ќе може да ги троши на договори во четири очи и криминални тендери. И за сиот овој период, додека собираат милиони во буџетот по основи на даноци од сметки за струја, инвестициите во нови енергетски капацитети се нула. Не за џабе и ДЗР излезе со заклучок дека Македонија нема енергетска одржливост на долг рок. Инвестициите во енергетиката требаше да се случат уште пред 5 или 6 години, а секое дополнително одложување ќе значи поскапа струја секоја година во година, истакна Митева.

ВМРО-ДПМНЕ има план за енергетиката, затоа потребни се промени, за ударите по џебот на народот да завршат, додаде Митева.

Најнови вести