Северина ќе биде дел од нова телевизиска емисија во Хрватска, а за оваа соработка ќе добие прилично висока сума.
Музичката шоу програма „Суперстар“ наесен ќе пристигне во Хрватска, а во жирито ќе бидат Северина, Тончи Хуљиќ, Филип Милетиќ и Ника Турковиќ.
View this post on Instagram
Северина ќе ги оценува кандидатите во оваа програма, а сега е откриено и колку ќе заработи од овој проект.
Како што пишува 24sata.hr, пејачката ќе добива хонорар од 12.000 евра дневно.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Северина пред речиси две години ги финализираше преговорите за водење на свое ток-шоу на регионална телевизија, но во октомври 2021 година се откажа од целата идеја.