четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Владата кукавички дезертираа од пратенички прашања, а само треба да сфатат дека тие мора да одговараат за својата работа пред законодавниот дом

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Владата кукавички дезертираа од пратенички прашања, а само треба да сфатат дека тие мора да одговараат за својата работа пред законодавниот дом

Ковачевски и неговата Влада секој ден покажуваат дека се недемократски и со тоталитарен карактер. Тоа е резултатот на нервозата и очајот, во кој се наоѓаат. Денес, и Ковачевски, и неговите министри, дезертираа и избегаа од собраниската седница за пратенички прашања, затоа што не можеа да се соочат со вистината, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното тоталитарно лице го покажаа со тоа што кукавички станаа и избегаа, исто како што претходно ги избегнуваа прашањата, за кои и јавноста чека одговори.

Ковачевски мора да знае дека пред Собранието тој е одговорен да дава отчет, да биде прашуван и да дава одговори, а не да се однесува како газда. Можеби газдува на своите пратеници од СДС, ама не може да газдува во највисокиот законодавен дом.

Дезертерот Ковачевски, секогаш кога ќе згусне, бега. Тоа секој ден се потврдува. Бега од пратенички прашања, бега од избори, бега од соочување со народот. Може да бега, ама не може да избега. Многу скоро ќе го стаса казната, се вели во соопштението на партијата

Најнови вести