сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Во Струга се оддржа “Струга куп Тга за југ”, изложба на сите раси на кучиња!

Во Струга се оддржа “Струга куп Тга за југ”, изложба на сите раси на кучиња!

Градот Струга еден од туристичките бисери на Македонија доби уште една интересна културна манифестација насловена како “Струга куп Тга за југ”се работи за кинолошка манифестација организирана од страна на Кинолошкото друштво “Црн Дрим” од Струга, подржана од КСМ Кинолошкиот сојуз на Македонија. Помагатели на изложбата беа и градот општина Струга од каде беше присутна делегација како и други подржувачи меѓу кои се вброи и “Ројал Канин”.

Манифестацијата се одржа во сенките на “Паркот на пезијата” кој беше полн со посетители. Изложбата ја отвори г дин Габриел Стибел познат македонски сестран судија кој со стиховите на песната Тга за Југ и интонирање на македонската химна ја отвори изложбата. Изложбата беше со доделување на САС титула изложба од национален карактер односно државна изложба за сите раси на кучиња. Организаторот на изложбата се членовите на КД “Црн Дрим” предводени од претседателот Љупчо Петрески истакнат кинолог и кинолошки судија, најзаслужен за развојот на кинологијата во Струга .На изложбата судеа истакнати меѓународни судии, меѓу кои претседателот на косовскиот кинолошки сојуз Саут Кајтази и Дрин Жавели еден најдобрите судии од помладата генерација.

Од македонските судии судеа г дин Блажо Пончов познат македонски судија кој е претседател на КД “7 ми Септември” од Кавадарци. Бест ин Шоу судија беше г дин др Перо Божиновски познат интернационален сестран судија кој ја имаше честа да го избере најубавото куче на изложбата. Делегат на изложбата беше познатиот кинолог доајен на ловната кинологија во Македонија г дин Ацо Павловски од Свети Николе. На оваа национална ЦАЦ изложба беа присутни над 100 кучиња од странство и Македонија. Победникот на изложбата е куче од расата Сибирски Хаски кое потекнува од Америка тоа допатува дури од Доминиканска Република преку Словенија до Струга помина повеќе од 9300 километри, кучето кое го освои првото место на изложбата Хаската мажјак Фицџералд во сопственост на Ирина Бебек од Доминиканска Република . На второ место се пласираше Авганистански хрт од Португалија, третото место го освои Американски Кокер од Македонија во сопственост на Наде Радевска од Скопје.