среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФИФА тестира ново правило за офсајд кое може значително да ја промени играта

ФИФА тестира ново правило за офсајд кое може значително да ја промени играта

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ќе тестира офсајд правило кое е поинакво од досега, новата идеја ќе биде пробана на неколку натпревари во Холандија, Италија и Шведска.

Според новото правило, офсајд ќе биде досуден само доколку напаѓачот со целото тело е пред противничкиот играч.

Со ова правило ФИФА сака да даде предност на напаѓачот. Веројатно ќе биде потребно време додека дефанзивците се навикнат на новото офсајд правило, бидејќи проценката ќе треба да ја прават на поинаков начин.

Досега за играч во офсад се сметаше фудбалерот кој со било кој дел од телото е зад последниот противнички дефанзивец.

Досега правилото за офсајд гласеше дека играчот на напаѓачката екипа, во моментот кога топката ќе му биде додадена, мора да биде во линија или зад најмалку двајца противнички играчи, од кои едниот најчесто е противничкиот голман, но не е неопходно тоа да биде чуварот на мрежата.