Поранешниот тренер на Адемар Леон, Маноло Каденас, сепак нема да оди во ракометна пензија.
Иако веќе не е предводник на шпанскиот клуб, раководството ќе му најде друга функција и Каденас ќе продолжи со работа.
Покрај Адемар Леон, тој беше тренер претходно во Мешков Брест и Висла Плоцк, а беше селектор и на Шпанија и Аргентина.