недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Германија и Унгарија во финалето на Светското младинско ракометно првенство

Германија и Унгарија во финалето на Светското младинско ракометно првенство

Ракометните репрезентации на Германија и Унгарија ќе играат во финалето на Светското првенство за ракометари до 21 година.

Двете селекции на доминантен начин стигнаа до финалето со по седум победи и убедливи триумфи во полуфиналето.

Еден од домаќините на првенството, репрезентацијата на Германија во полуфиналето немаше проблеми против изненадувањето на шампионатот, селекцијата на Србија, и забележа убедлива победа од 40-30.

И Унгарија без поголеми проблеми го совлада Исланд со 37-30 и првото полуфинале во историјата на светските младински првенства го круниса и со историски пласман во големото финале.

Финалето помеѓу Германија и Унгарија ќе се одигра утре во 18 часот, додека Србија и Исланд ќе играат за третото место во 15:30 часот.